Оставката на Заев е стратешки планирана, тоа е барање стечаен управител на државата, оцени Мизрахи

Сметам дека оставка на Зоран Заев, од премиерската позиција, е стратешки планирана и оти е во насока на барање на стечаен управител на државата, рече во средата вечерта Рашела Мизрахи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија за оставката на Зоран Заев од премиерската и претседателска позиција.

Мизрахи не сака да коментира во врска со можната коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и Алтернатива, сѐ додека таа не биде официјализирана, додавајќи дека мислела дека претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, има свои принципи и вредности и дека партијата Алтернатива е всушност спротивно од политиките на ДУИ, посочувајќи дека не знае каква алтернатива ќе понуди доколку седне на иста маса со ДУИ.

„Не би навлегувала во тоа додека не видиме официјално кој ќе биде договорот помеѓу СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Но Алтернатива има интересно име и јас колку што знам името го добија по нивната политика и требаше да претставува Алтернатива од политиките на ДУИ во албанскиот блок. И сметав дека господинот Гаши како политичар има свои вредности и принципи да ја задржи својата вредност и на својата партија како алтернативна. Сега не знам каква алтернатива на ДУИ истиот ќе претставува кога ќе биде седнат во влада заедно со ДУИ каде што ќе треба да ги поддржува и политиките кои што се политики на ДУИ, и тоа ќе биде многу интересно да се гледа од страна“, рече Мизрахи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.