Острени: Заев не ја дели албанската платформа од таа што ја понуди како владина

111

Потпретседателот на Собранието Гзим Острени, најавува дека албанските пратеници нема да ја гласаат владината програма доколку таму не се вградени елементите од Тиранската платформа.

-Јас мислам дека во Парламентот не можат да се претстават две платформи, во Парламентот се претставува владината платформа која ќе треба да ја поддржат сите пратеници од мнозинството и сигурен сум дека албанските пратеници нема да ја поддржат платформата на Заев доколку во неа не се предвидени и точките од платформата на албанските партии и да бидеме искрени, знаејќи дека за некои точки од Албанската платформа се бара две третини од гласовите во Парламентот, тоа е реално прашање, така го предвидува Уставот и остварувањата треба да одат во таа насока. Затоа мислам дека Заев е претпазлив за тоа што го збори, добро е тоа што не ја дели албанската платформа од платформата која треба да биде владина платформа. Јас мислам дека тој треба да го разбере ова вака како што кажувам јас, во спротивно нема да има поддршка од албанските пратеници и нема да може да состави влада, вели Острени во емисијата 10 минути на ТВ21.

Веќе нема дилеми дека со Тиранската платформа се предвидува промена на уставниот поредок на Република Македонија и воведување на двојазичност на цела територија на државата, и самите точки од платформата го појаснуваат тоа.
1.Постигнување на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот* Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување на секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население.
* Постигнување на целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека “македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.

* Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.

* Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956.

2.Постигнување на економска рамноправност и на општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој

* Создавање на нов механизам, во форма на една Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.

* Создавање на едно Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.

* Остварување на правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.

* Остварување на правична застапеност во сите нивоа на централната власт како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.

3.Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евро-атлантскиот интегративен процес

* Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската Комисија, како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.

* Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.

* Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како “Сопот”, “Бродец”, “Монструм” и “Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

4.Создавање на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата

* Преземање на афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.

* Создавање на една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и предавачи.

5.Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право

* Усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија е обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.

* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.

6.Добри односи со соседите

* Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.

* Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.

* Отворање на нови гранични премини.

7.Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија

* Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.