Остри реакции за величењето и одобрувањето на педофилијата

Не стивнуваат реакциите по скандалозниот текст на Никола Шиндре, активист на „Шарената револуција“ во кој тој ги оправдува педофилите, текст кој по социјалните мрежи беше поддржан од голем број луѓе блиски до СДСМ, како и други активисти на „Шарената револуција“.

Со реакција се јави и детската амбасада Меѓаши. Од таму го прашуваат Шиндре, дали знае колку деца се жртви на педофилија во Македонија? Дали Шиндре е подготвен да преземе одговорност за секое следно дете кое ќе биде жртва на педофилија, која тој ја поттикнува и охрабрува.

Официјално соопштение на детската амбасада Меѓаши, по повод скандалозниот текст на Никола Шиндре, со наслов: Сексуалноста над рационалноста.

Да потсетиме, за авторот на текстот педофилите се „маргинализирана група“ а исто и децата кои според него „сакаат да имаат сексуални односи со возрасни“ или поточно „Што се случува кога 12-годишно дете ќе посака секс или барем ќе се задоволува на помислата дека има секс со 50 годишен маж или жена, па подоцна ќе посака истото и да го реализира?!”.

Понатака во текстот се вели ,,Морам да признаам дека, дури и покрај моите крајно слободарски гледишта за слободите на човекот (а и детето е човек), мене би ме заинтересирало, пред да дадам суд колку бил стар партнерот на тринаесетгодишникот, како се запознале и можеби уште некоја друга информација која би се наметнала како важна. Сепак, морам да кажам дека првенствено би ги прашал обајцата дали слободно и по сопствена волја се впуштиле во сексуално општење.”

Ваквите ставови на поединци, за жал не се осамени, колку и да изгледа тоа монструозно!

Уште посимптоматични се и дел од реакциите на поединци на тие ставови.

Во светот се смета дека педофилијата е сексуален контакт/однос/вознемирување со/на дете кое има 13 или е под 13 годишна возраст а сторителот на ова тешко кривично дело е возрасна личност која е минимум 5 години постара од детето жртва.
Залагањето на авторот на текстот за легализација на педофилијата е во спротивност со член 3 од Конвенцијата за правата на детето каде се вели: во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето, без оглед дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита, судовите, административните органи и законодавните институции.

Дали авторот на овој текст знае колку деца во Македонија се жртви на педофилија и родосквернавење и какви трауми и последици од тие дела носат?

Дали Никола Шиндре е подготвен да преземе одговорност за секое следно дете жртва на педофилија поттикнувајќи ја и охрабрувајќи ја истата?

Дали Јавниот обвинител ќе преземе кривично гонење кон авторот на овој текст?

ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ СЕ ЗАЛАГА ЗА ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР ИЛИ ХЕМИСКА КАСТРАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ПЕДОФИЛ (под ова се подразбираат и мажите и жените иако педофилијата е многу ретка меѓу жените). Доживотен затвор како казнена мерка може да помогне сторителите на овие тешки кривични дела да бидат во целосна изолација. Од друга страна и превентивно да помогне да не се случуваат сексуални злоставувања на деца од истите сторители, а воедно да биде и опомена за сите идни случаи.
ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПЕДОФИЛИЈАТА ТРЕБА ДА БИДАТ МОБИЛНИ И ПОСВЕТЕНИ СИТЕ, РОДИТЕЛИ , ГРАЃАНИ, ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, МЕДИУМИ И СИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО, ДЕТСКТАТА ЛИЧНОСТ, ДОСТОИНСТВО И НАЈДОБАР ИНТЕРЕС НА ДЕТЕТО

Пред неколку години во Холандија имаше обид за регистрација на Партија на педофили. Амбасадата Меѓаши остро реагираше против регистрацијата на партијата особено поради тоа што програмските цели на оваа партија предвидуваат симнување на легалната возрасна граница кај децата за сексуални односи, легализирање на детската порнографија, па дури и легално прикажување и промовирање на насилна порнографија, а тоа е спротивно на духот на Конвенцијата за заштита на правата на детето. Имено потписничките на Конвенцијата за правата на детето се залагаат за меѓународна акција на државите и другите меѓународни организации во корист на хармоничен развој на личноста на детето, во атмосфера на љубов и разбирање. Исто така залагањето на Партијата за овозможување деца на возраст од 16 години да се занимаваат со малолетничка проституција и да се појавуваат во порнографски филмови е во спротивност со Конвенцијата за забрана на најлошите форми од злоупотреба на детскиот труд бр.182.

Да не дозволиме на мала врата, преку медиумскиот простор, легализација на едно од најопасните кривични дела кои оставаат трајни последици по личноста на детето (сексуална злоупотреба / педофилијата ) и немаат врска со сексуалната слобода и борбата за правата на ЛГБТ заедницата! Затоа Детската амбасада Меѓаши ќе се обрати до Народниот правобранител со претставка за користење на медиумскиот простор при што се прекршуваат правата на детето“, велат во соопштението од Меѓаши.

 

 

Инаку, овој текст наиде на голема поддршка кај доста луѓе блиски до СДСМ и активисти на „Шарената револуција“, од кои што дел беше и авторот на скандалозниот текст, Никола Шиндре. Меѓу оние кои јавно дадоа поддршка се Румена Бужаровска, Кочо Андоновски, Ирена Цветковиќ и советникот на министерот за финансии Драган Тевдовски, Димитар Апасиев.

И еден од главните медиумски работници на СДСМ, Билјана Секуловска , таа на овој скандалозен текст гледа како неопходност за едукација на младите. „Текстот на Никола Шиндре не го прочитав како поддршка на педофилијата, туку неопходност од едукација на младите, кои се изгубени во самоспознавањето, затоа што се лишени од комуникација’, напиша на Фејсбук Секуловска.

 
Со реакција на овој текст, излезе и еден од најреномираните светски невропсихијатри, др. Горазд Росоклија. Тој вели дека основна обврска на секое општество е да ги заштити своите деца, највулнерабилната група во општеството.

Фејсбук статус на Горазд Росоклија:

НАШИТЕ ДЕЦА

Педофилите се или криминалци кои ја отслужиле казната или неосудени криминалци чие злодело останало неоткриено.

Луѓето со педофилски пулсии се потенцијални криминалци кои можат да повредат дете. Можат да побараат третман или да направат злодело. Тие го прават изборот, не општеството.

Основна обврска на секое општество е да ги заштити своите деца, највулнерабилната група во општеството.

Заштитата на детето е над граѓанското право на педофилот според одлуката на Врховниот суд на САД во врска со законот на Меган Канка (девојче силувано и убиено од осудуван педофил).

 
И од најбројната партија во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа од СДСМ да го осудат пишаното во овој текст, според нив самото тоа што СДСМ не го осудува текстот, значи давање поддршка за педофилијата.

„СДС трети ден не се дистанцира од ставовите на учесникот на „шарената револуција“ Никола Шиндре, искажани преку колумна која наиде на поддршка кај одреден број на учесници на „шарената револуција“ и поддржувачи на СДС, во која се релативизира педофилијата и повикува на омекнување на законските санкции кон педофилите’, кажаа на вчера на прес од ВМРО-ДПМНЕ.