Остро поделениот Пакистан излегува на неизвесни избори

Десетици милиони Пакистанци по кампањата исполнета со насилства и политички контроверзии во средата излегуваат на гласање на општите избори на коишто главни протагонисти се кланот на поранешниот премиер, ѕвездата на крикетот и партијата на семејството Буто.

Случувањата во оваа јужноазиска земја со речиси 200 милиони жители се набљудуваат со големо внимание, бидејќи Пакистан е традиционален ривал на Индија во нуклеарното вооружување со којашто има и територијални меѓусебни претензии, една е од најважните економии во развој и една од најголемите нации во светот со мнозинско муслиманско население.

На пакистанските избори ќе учествуваат многу партии, од групации коишто ги поддржуваат контроверзните клерици до оние на чиешто чело се политичари од ткн „трета генерација“, Изборите го одразуваат сите нијанси на пакистанското општество, длабоко поделено по идеолошки, етнички и социјални линии. Главните протагонисти се трите групации коишто ги предводат поранешниот премиер Наваз Шариф, поранешниот претседател Асид Али Зардари и спортската крикет ѕвезда Имрах Кан. Трите опции се изразити фаворити, а сите други ќе мора да влезат во сојуз со една од нив за составување на можна коалициска влада.

Семејството на Наваз Шариф е дел од контроверзната пакистанска политичка историја последните четири децении. Шариф беше избран за пакистански премиер во три мандата, двапати во текот на 1990-те и еднаш од 2013 до минатата 2017 година. Во сите три случаи беше принуден да отстапи од премиерската должност. Моќниот врв на пакистанската армија двапати го понижи и го осуди на затвор, а во 2000 година беше и протеран. Шариф и неговата ќерка Маријам Наваз во моментот отслужуваат долготрајни затворски условни казни по пресудите за корупција по откривањето на аферата „Панама Пејперс“ во 2016 година во којашто беа разоткриени чувствителни финансиски тајни.

Помладиот брат на поранешниот премиер, Шехбаз Шариф, кој двапати беше избиран за главен министер на покраината Пенџаб, сега води кампања за да стане следниот премиер. Неговата партија Муслиманска лига – Наваз., според анкетите, има блага предност пред партијата на Омрах Кан, нејзин најблизок ривал.

Поранешната ѕвезда на крикетот, Имрах Кан, кој го доведе Пакистан до победата на Светското првенство во 1992 година, вклучен е во политиката на Пакистан повеќе од две децении. Кан, меѓутоа, не беше клучен играч сѐ додека неговата партија Пакистанско движење за правда не победи на изборите во 2013 година. Тој поднесе тужи пред Врховниот суд против семејството Шариф по аферата со „панамските документи“ и води кампања со тезата дека ја урнал „најкорумпираната личност којашто некогаш владеела“.

Локалните и регионалните политички аналитичари веруваат дека кампањата на Кан и предавањето на Шариф на Врховниот суд, сепак, не ја нарушиле во голема мера популарноста на поранешниот премиер. Некои од нив, дури, сметаат дека по нападите од страна на Кан, приврзаниците на Шариф уште повеќе се „сплотени“ и „зацврстени“.

Трет голем протагонист на пакистанските избори е Пакистанската народна партија којашто во шеесеттите години од минатиот век ја основаше првиот демократски избран пакистански премиер Зулфикар Али Буто, базирајќи ја главно на социјалистичка програма. Неговата ќерка беше премиерка во 1990-те години и ја предводеше партијата сѐ до нејзиното убиство во 2008 година, само неколку дена пред националните општи избори. Сега нејзиниот триесетгодишен син Билавал Буто води кампања за да ја заживее некогаш доминантната партија која беше тешко потресена во 2013 година. Според процените, партијата ќе ги задржи своите политички бази во јужната покраина Синд, но веројатно нема да може да формира национална влада, освен доколку не стане дел од некоја коалиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.