Oстров што најбрзо тоне, луѓето навечер легнуваат во кревет, а се будат во море

Кирибати се островска држава која се состои од 33 острови, позната по тиркизното море, рајските плажи, а од неодамна и како прва жртва на растот на нивото на океанот поради глобалното затоплување.

Кирибати почнаа буквално да тонат. Селата ги прекрива морето кое од ден во ден, зависн од годишното време и струите, полека голта се пред себе – зградите и она малку обработена површина која жителите грижливо ја култивирале.

Уште во 2008 година тогашниот претседател Антон Тонг кажал дека дошле до точка од која нема враќање и дека е болно да се планира денот кога веќе нема да имаат своја земја, а веќе во 2013 година рекол дека е време за планирање масовна евакуација.

Колку е сериозна ситуацијата покажува дека Тонг купил 20 квадратни километрри земја на островот, оддалечена 2.000 килоемтри, каде жителите ќе се преселат кога морето ќе го проголта селото, а до тогаш таму само се одгледува храна.

Земјата која туристите поради природните убавини ја нарекуваат „рај на земјата“ сега гради бетонски блокови за да го запре продирањето на морето, но ја влошува ерозијата на плодното тло.