На масовно судење на стадион во претежно муслиманскиот регион Синџианг, осудени се 55 лица за обвиниенија кои вклучуваат силувања, убиства, сепаратизам и тероризам, јавуваат денеска кинеските државни медиуми.
Околу седум илјади луѓе и претставници на Комунистичката партија присуствувале на јавното масовно судење и казнување на групата на насилни терористи и криминалци во согласнот со законот, пренсува агенцијата АФП.
Тројца од нив се осудени на смртна казна поради убиство на четиричлено семејство минатата година, „користејќи сурови методи“.
Полицијата на стадионот објавила и формално апсење на 38 осомничени и притвори уште 27 други лица.
Во Кина во текот на 80-те и 90-те имало масовни судења како начин за борба против растот на криминалот поттикнат од општествените немири кои избувнале заедно со драматичните реформи и отворањето на Кина кон светот, но таа пракса подоцна е напуштена.
Пекинг, нормално тоа го негира и истакнува дека се соочува со сериозно терористичко движење во Синџијанг кој добива помош од странство.