Осудени напаѓачите на директорот на Бољшој

Според рускиот суд виновен за нападот е балетанот и солист Павел Дмитриченко. Во нападот му помогнале уште двајца.

Пред судот, Дмитриченко се бранел дека  тој не го извршил нападот со киселина врз Сергер Филин,  уметничкиот директор на театарот „Бољшој“. Но, Дмитриченко призна дека сакал да му наштети на Филин, но дека тој го извршил нападот. Судот го осуди за организирање на нападот, додека Јури  Заруски е тој кој му фрлил киселината  во лице.

За Дмитриченко обвинителите побараа девет години затвор, додека за Заруски десет години во казнената колонија во Русија, која е позната по мизерните услови за живот. Осуден е и Андреј Липатов, кој го довезол и му помогнал да побегне на Заруски од местото на злосторството, јави Би-Си-Си.

Пред судот Заруски кажал дека сам дошол на идеја да му фрли киселина во лице на Сергеј.

Несреќата е случи на  17 јануари, додека Сергеј се симнувал од својот автомобил во Москва, кога му беше  киселина врз лицето. Филин се здобил со тешки изгореници на очите и лицето и поради тоа беше подложен на 20 операции во Москва и Германија во обид да му се спаси видот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.