Осудени шест косовари кои се бореле во џихадистичките групи

154

Косовските правосудни органи во вторникот на затворски казни од две до четири години осудија шестмина албански државјани на Косово, бидејќи се бореле во редовите на џихадистичките групации во Сирија.

Сите шестмина се прогласени за виновни поради активности во една терористичка групација, прецизирала судијката Сузана Черкини, без да прецизира за која радикална организација станува збор. Седмиот член од оваа група е пуштен на условна слобода на 8 месеци затвор поради нелегално поседување оружје.

Еден од адвокатите на одбраната, Бесим Сулејмани, ги отфрлил обвинувањата тврдејќи дека се неосновани. Тој за агенцијата AFP изјавил дека не постојат никакви докази дека обвинетите учествувале во судирите во Сирија.

Најмалку 300 државјани на Косово им се приклучиле на џихадистичките организации во Сирија и во Ирак, според податоците на министерството за внатрешни работи во Приштина. Околу 50 од нив загинале, 120 се вратиле во земјата, од кои дваесетина се уапсени почнувајќи од септември 2014 година.

Со цел да го спречи регрутирањето на џихадисти од Косово каде огромно мнозинство од населението се сунитски муслимани а под притисок на западните покровители, властите во Приштина во март 2015 година донесоа закон со кој се превидува казна затвор до 15 години за косовските државјани коишто ќе заминат да војуваат во странство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.