Осуденик фатен во шверц на мигранти

Скопјанец баран за издржување на затворска казна бил фатен како криумчари мигранти, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 4 часот на автопатот кај село Смоквица полициски службеници се обиделе да запрат автомобил  „фолксваген“ со швајцарски национални ознаки. Возилото не застанало туку продолжило да се движи по автопатот од Гевгелија кон Скопје.

После клучката за село Миравци возилото било пронајдено, а возачот не бил таму. Полицајците во автомобилот пронашле 13 мигранти, сите од Пакистан. При пребарување на теренот бил пронајден и возачот на возилото. Тогаш било утврдено дека се работи за лицето Ф.И. (36) од Скопје, кој заедно со мигрантите биле однесени во ПС за Граничен премин Богородица. Бидејќи Ф.И. се барал за издржување на казна затвор, тој ќе биде спроведен до затворот „Идризово“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.