Осуденик од Идризово починал при транспорт во болница

Четириесет и тригодишниот А. П., осуденик од КПУ „Идризово“, кој вчера околу 6:50 часот бил пронајден во безсознание, починал при транспорт со возило на КПУ Идризово кон Ургентен центар Скопје.

Како што информира МВР, смртта на осуденикот е констатирана од Итна медицинска помош, а телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.