Осуденик во штипскиот затвор криел 22 пакувања со марихуана

Синоќа во 22.15 часот во СВР Штип е пријавено дека во Казнено-поправниот дом Затвор Штип, во просторија од полуотвореното одделение, кај осуденикот К.Е.(33) се пронајдени 22 пакувања марихуана, едно ќесе со остатоци од прашкаста материја и таблета, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Увид на местото извршила екипа од СВР Штип, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.