Осуденик за демолирање е кандидат за студентски лидер

Борјан Ефтимов, студентот кој беше осуден за демолирањето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, најави кандидатура за претседател на Универзитетското студентско собрание, објавува порталот „Лидер“, пренесува НетПрес.

Студентот на правниот факултет, вчера официјално ја пратил својата кандидатура до делегатите, во која тој ја претставува својата кратка програма, но и побарал одлагање на денешниот избор за неколку дена.

Редакцијата на „Лидер“ телефонски разговарала со Ефтимов кој рекол дека не крие дека бил дел од „Шарената Револуција“, дека е осуден за демолирањето на канцеларијата на претседателот и дека не се срами од тоа.

– Бев таму затоа што верував во тие идеали и тоа не го кријам, ниту се срамам, без разлика во која насока потоа тргнаа работите. Тоа не значи дека јас сум кандидат на политичка партија, одговорил младиот Ефтимов.

Кандидатот за студентски лидер освен во Шарената револуција, беше дел и од студентскиот пленум, организација која згасна по доаѓањето на СДСМ на власт.

– Последната активност на „Студентски пленум“ беше учеството во донесувањето на новиот закон за високо образование. Потоа пленумот згасна, иако не ја добивме целосно битката– вели Ефтимов.

Истражувањето покажува дека т.н. Студентски пленум нема никакви активности повеќе од 500 дена, што кореспондира со доаѓањето на СДСМ на власт.

Целиот текст прочитајте го тука