Осуди од Москва по влезот на Црна Гора во НАТО

Русија, по официјалното влегување на Црна Гора во НАТО, ја предупреди оваа земја на „непријателскиот курс“ и ја осуди „антируската хистерија“ во Црна Гора

Рускотo министерство за надворешни работи објави дека Црна Гора „ја понесува целосната одговорност“ по придружувањето на санкциите на Европската унија против Русија во 2014 година.

„Во атмосферата на непријателски курс кој го избраа црногорските власти, руската страна го задржува правото на преземање мерки за одговор на реципрочна основа. Во политиката, како и во физиката, за секоја акција постои и реакција“, се наведува во писмената изјава на руското министерство за надворешни работи.

На свеченоста на влезт на Црна Гора во НАТО во Вашингтон во понеделникот, помошникот американски државен секретар Томас Шенон изјави дека е „за пофалба тоа што Црна Гора го остварила своето суверено право да ги избере своите сојузнции во светлата на здружениот притисок однадвор“, алудирјаќи на негодувањето на Москва.

Врските меѓу Црна Гора и Русија, нејзин вековен словенски и православен сојузник и најголем вложувач изминатата деценија, се влошија откако Подгорица побара пристапување кон НАТО. На тоа му претходеа истрагите и процесите во западните земји за наводни криминали активности и префрлања пари во банки на Кипар на деценискиот црногорски лидер Мило Ѓукановиќ. Потоа неговата владејачка партија се залагаше за пристапувањето во Алијансата да се гласа во парламентот, наместо граѓаните да се изјаснуваат на референдум.

Минатиот октомври Црна Гора објави дека наводно руски шпиони и локални проруски партии се обиделе да направат преврат и да го ликвидираат тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ. Ваквите обвинувања црногорската опозиција ги оцени како исценирана пропаганда на Ѓукановиќ на самиот ден од изборите.

Москва, пак, ги отфрли како неосновани ваквите обвинувања од Подгорица. Рускиот истражен комитет вети соработка во потрагата по двата наводни руски агенти, но истовремено објави дека еден од главните сведоци на црногорското обвинителство – Србин, е баран во Русија поради криминални дејствија.

Минатата седмица пратеник од владејачките црногорски социјалисти накусо бил задржан на московскиот аеродром и Црна Гора тврди дека постои листа на црногорски функционери за кои е забранет влезот во Русија, иако тоа официјално никогаш не е објавено.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.