Во соопштението се наведува дека банките функционирале како картел заради нелегално одредување на висината на каматните стапки и цените на финансиските деривати.
Од овие фактори зависи цената на кредитите, хипотеките и останатиот имот во износ од неколку стотини илјади милијарди долари ширум светот.
Потпретседателот на Европската комисија, Хоакин Алмуниа, изјави дека е шокантно тоа што банките тесно комуницирале наместо меѓусебно да се натпреваруваат на пазарите.
Меѓу казнените банки се „Барклис“, „Дојче Банк“, „Кралската банка на Шкотска“, „Сосиете женерал“, „ХСБС“, „Џи Пи Морган“, „УБС“, „Сити груп“ и „РП Мартин“.