Осум децении од премиерата на култниот филм „Однесено од виорот“о

Харизматични актери, срцепарателна љубовна приказна сместена во турбулентен историски период, одлични дијалози, револуционерна филмска псовка (Frankly, my dear, I don’t give a damn), врвни костими и сценографија, раскошна продукција, се ова е дел од епопејата „Однесено од виорот“, еден од најголемите филмови на сите времиња.

Пред точно осум децении, на 15 декември, околу 300.000 луѓе се собраа на улиците на Атланта за да ги дочекаат филмските ѕвезди, кои со лимузина од аеродромот дојдоа пред киното Loew’s Grand Theatre, на премиерата на филмот.

На црвениот тепих, рака под рака, шеташе една од најсаканите филмски двојки, Вивиен Ли и Клерк Гебл, потоа шармантната Оливија де Хевиленд и нејзиниот филмски сопруг Лесли Хауард, режисерот Виктор Флеминг…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.