Осум ипол години затвор за скопската фризерка која продаваше станови

Фризерката Благица Дончевска од Скопје доби осум ипол затвор поради продавање на фиктивни станови. Осуден е и нејзиниот татко, Ацо Вељановски кој и бил соработник во криминалот, односно на неговата трансакциска сметка се префрлале парите и според обвинението виновен е за помагање измама.

Фризерката беше уапсена минатата година бидејќи измамила 42 лица, претставувајќи им се како претставник на владин проект за станови наменети за млади брачни парови, социјални случаи и лица со посебни потреби. Според обвинението, таа на оштетените им велела дека за становите треба да уплатат дел од сумата, а остатокот ќе биде покриен со донациите на амбасадите на Белгија и на Холандија. Овие лица останале и без пари и без станови.

Во текот на судскиот процес скопската фризерка  тврдеше дека и самата е жртва на измама, а дел од оштетените според неа дури и сакале да посредуваат за стан за одредена провизија.