Осум лекови за третман на омикрон-от

Осум антивирусни лекови коишто ги користат лекарите во третман на пациентите со другите соеви на коронавирусот се покажаа како ефикасни и при лекувањето на омикрон варијантата, се наведува во студијата објавена во Cell Research.

Истражувањето спроведено од научниците од Универзитетот Кент и франкфуртскиот Универзитет Гете врз клеточните култури покажало дека омикрон сојот останува чувствителен на осумте најважни антивирусни лекови и препарати кои во моментов се тестираат како лекови за коронавирусна инфекција.

Тие вклучуваат EIDD-1931 (активен метаболит на молнупиравир), рибавирин, ремдезивир, фавиправир, PF-07321332 (нирматрелвир, активната состојка на паксловид), нафамостат, камостат и апротинин.

Притоа, истажувачите ја откриле и причината зошто пациентите заразени со омикрон сојот имаат помала веројатност да страдаат од тешка форма на коронавирусната болест Covid-19. Тоа, според нив, се должи на фактот дека овој сој е особено чувствителен на сузбивањето на ткн интерферонски одговор, кој е присутен во сите клетки на организмот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.