Осум лица полесно повредени во 17 сообраќајки во Скопје

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, четворица сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Осум лица се полесно повредени изминатото деноноќие во 17 несреќи што се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Сообраќајната полиција санкционирала 42 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 22 возачи.

Според полицискиот извештај, 1 управувале возило под дејство на алкохол, 15 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, а шест возачи почетници.

Непрописно биле паркирани 95 возила, а  пајак службата подигнала 59 моторни возила.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, четворица возачи кои поминале на црвено светло, двајца за неправилно престројување, еден за неправилно престигнување и 13 возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.