Осум лица поседуваат половина од светското богатство

148
богатство

„Оксфам“ наведе дека податоците се добиени од доверливи извори и дека разликата меѓу богатите и сиромашните е многу поголема отколку што тие стравувале.

Бен Саутвуд, главен истражувач на Институтот „Адам Смит“, вели дека не е важно богатството кое одредени луѓе го поседуваат, туку благосостојбата на сиромашните, која е се полоша секоја наредна година.

Како што наведува Би-Би-Си, соопштението на „Оксфам“ се поклопи со почетокот на Светскиот економски форум во Давос, на кој учествува врвот на светската политичка и бизнис елита.

Кети Врајт, шефица за надворешни работи во „Оксфам“ изјави дека нивниот извештај помогнал да се предизвикаат политичките и економските елити.

На листата на најбогати луѓе во светот на „Форбс“ од март 2016 година, се наоѓаат осум лица, а прв е Бил Гејтс:

1. Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ – 75 милијарди долари

2. Амансио Ортега, основач на „Зара“ и сопственик на „Индитекс“ – 67 милијарди долари

3. Варен Бафет, најголем акционер во „Беркшир Хатавеј“ – 60.8 милијарди долари

4. Карлос Слим Хелу, сопственик на групацијата „Карсо“ – 50 милијарди долари

5. Џеф Безос, основач на „Амазон“ – 45.2 милијарди долари

6. Марк Цукерберг, коосновач на „Фејсбук“ – 44.6 милијарди долари

7. Ларс Елисон, коосновач на компанијата „Оракл“ – 43.6 милијарди долари

8. Мајкл Блумберг, сопственик на „Блумберг ЛП“ – 40 милијарди долари

„Оксфам“ се залага за похумана економија и апелира до владите во светот за воведување поголеми даноци за побогатите и за намалување на платите и даночните олеснувања на директорите. Според организацијата, деловните лидери треба да плаќаат чесен дел од данокот и затоа ги повикауваат компаниите на вработените да им плаќаат доволно за да можат да си ги покријат сите животни трошоци.

„Оксфам“ веќе неколку години објавува слични извештаи. Минатата година пресметаа дека 62 најбогати луѓе во светот имаат исто богатство како и најсиромашната половина од светската популација. Во овој најнов извештај оваа бројка опадна на само осум најбогати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.