Осум лица повредени при сообраќајка на патот Велес- Мамутчево

Осум лица се повредени кога се судриле автомобили на патот Велес- Мамутчево.

Вчера околу 18.50 часот на регионалниот пат Велес – село Мамутчево, на место викано „Петрово чешмиче“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот В.Ш. од Кавадарци и патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.Д. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „поло“, И.Д. додека двајцата возачи и сопатниците од двете возила, Р.Ш., Е.А., Е.М., Б.М. и М.Г. се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во болницата во Велес за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.