Осум мртви во напад на џихадистите во Кабул

Ултрарадикалната сунитска џихадистичка групација Исламска држава ја презема во петокот одговорноста за експлозијата во шиитската населба во авганистанската престолнина Кабул во кој загинаа најмалку осум лица.

Покрај осумте жртви, во нападот се повредени уште 18 лица, соопшти авганистанската полиција.

„Експлозивната направа експлодираше на фреквентна локација“, соопшти портпаролот на полицијата, Калид Задран.

Огранокот на Исламската држава дејствува во Авганистан од 2014 година кога настојува да ги потисне талибаните и претставува најсериозен безбедносен предизвик откако радикалното исламистичко движење ланскиот август се врати на власт по две децении од американската инвазија.

Повеќето шиити во Авганистан се Хазарејци, етничка група којашто го зборува персискиот јазик. Заедницата на Хазара шиитите е најсиромашната етничка група во земјата, и изнесува околу 22 отсто од населението на Авганистан. Нејзините припадници често се цел на масовни киднапирања на убиства, што во минатото и во време на владата која ја подржуваше Западот, предизвикаа неколку големи шиитски протести во Кабул и во други градови.

Кога талибаните кон средината на август ја преземаа власта, тврдеа дека ќе се пресметаат со ривалската Исламска држава која од тогаш изведен десетина смртоносни напади. Се проценува дека во моментов во Авганистан има околу 2.000 борци на Исламската држава. Според медиумски и информации од Блискоисточниот регион, последниот период некои земји организирано ги ослободуваат од затворите нејзините борци и главно од Сирија и Ирак ги префрлаат во Авганистан.