Осум мртви во три пукања во салони за масажа во Атланта

Најмалку осум лица се убиени во три вооружени напади во вторникот во салони за масажа во Атланта и блиско гратче во југозападниот дел на американската сојузна држава Џорџија, за што неколку часа подоцна е уапсени 21-годишен маж.

Жртвите главно се жени од азиско потекло, се наведува во соопштението на локалната полиција, но сѐ уште не може со сигурност да утврди дали трите инциденти се меѓусебно поврзани,

Првото пукање во кое се убиени четири лица а две се ранети, се случило во салон за масажа педесетина километри од Аталанта, најголемиот град во Џорџија, соопшти портпарокот на полицијата на окрутот Чероки.

Набрзо потоа во уште две пукања убиени се уште четири лица во два салона за масажа во Аталанта. Четири жртви од двете пукања се жени од азиско потекло, пренесе CNN.

Полицијата на округот Чероки преку социјалните мрежи ги повика очевидците да се јават и објави снимка од осомничениот во црн автомобил.

Осомничениот, идентификуван како 21-годишниот Ронерд Ааронг Лонг, е уапсен во вторникот вечерта по локално време, на окоу 240 километри јужно ода атаналта, објави дневниот весник Atlanta Journal – Constitution.

„Голема е веројатноста“ дека истиот напаѓач учествувал во сите три напада на салоните за масажа во Атланта во кои се убиени осум лица, изјавил за AFP потрпаролот на градската полиција.

„По прегледувањето на видеоснимките иследниците мислата дека постои голема веројатност дека осомниечниот е напаѓачот од округот Чероки кој е во притвор“, додал полицискиот портпарол.