Осум убиени и 23 ранети во турски напад во летувалиште во Ирак

Осум туристи се убиени а уште други 23 лица се ранети во турски напад врз планинско одморалиште во северната ирачка покраина Дохук, објавија во средата ирачките државни медиуми.

Жесток артилериски оган бил отворен врз одморалиштето крај Закхоа, град на границата меѓу автономната ирачка покраина Ирачки Курдистан и Турција, објави ирачката државна телевизија.

Меѓу жртвите има и деца, вклучително и едногодишно дете, соопшти курдското министерство за здравство додавајќи дека сите жртви починале пред да бидат донесени во болница.

Турското министерство за одбрана во соопштение наведе дека двајца милитанти на Работничката партија на Курдистан (PKK) се предале на турски контролен пункт на граничниот премин Хабур со Ирак, кој се наоѓа околу 10 километри од Закхоа, но не го спомнува нападот.

Турција често изведува воздушни и артилериски напади во северен Ирак и испрати командоси да ја поддржат нејзината долга кампања во Ирачки Курдистан и во Сирија, против борците на сепаратистичката PKK со којашто војува од 1984 ПККгодина, а има бази во северен Ирак. Повеќе од 40.000 луѓе се убиени во судирите кои во минатото главно беа насочени на југоисточна Турција, каде што живеат околу 15 милиони Курди, а PKK сакаше да создаде етичка држава кон која ќе гравитираат и териториите на кои живеат Курди во соседните Ирак, Сирија и Иран.

Во Сирија, пак, турската операција се води против курдските Единици за заштита на народот (YPG) која ја смета за сириско крило на PKK. Силите на сириските Курди, инаку, се ударната игла на Сириските демократски сили (SDF) кои ги обучуваа и вооружуваа САД.

Главниот претставник на Обединетите нации за Ирак го осуди нападот во средата во изјава објавена на Twitter и повика да биде спроведена истрага.

Турското министерство за надворешни работи во меѓувреме ја отфрли одговорноста за нападот и соопшти дека се противи на напади врз цивили, како дека максимално се избегнува да се избегнат цивилни жртви во турските антитерористички операции.

САД, пак, соопштија дека ја следат ситуацијата по артилерискиот напад во ирачки Дохук. На редовниот брифинг за медиумите, портпаролот на американскиот Стејт департментот, Нед Прајс, изјави дека американската позиција е дека воената операција на Турција во Ирак треба да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, како и дека треба да „осигури заштита на цивилите“.