Осум здравствени работници ја загубиле битката со коронавирусот досега, над 1.100 се заразени

Д-р Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од како последица од комопликациите предизвикани од новиот коронавирус, и тој беше осмиот здравствен работник кој ја загуби битката со вирусот од почетокот на епидемијата во март.

Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 18 октомври покажуваат дека вкупно 1.164 здравствени работници во Македонија се заразиле со коронавирусот. Како оздравени се водат 977 здравствени работници.

Заклучно со вчерашниот случај во Куманово, бројот на здравствени работници кои починале од Ковид-19 се искачи на осум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.