Осум жртви во пукање во Калифорнија

Осум лица се убиени во престрлека во средата во Сан Хозе, во американската сојузна држава Калофорнија објави весникот The Los Angeles Times повикувајќи се на извоир од службите за спроведување на редот.

Весникот не прецизира дали напаѓачот е вклучен во вкупниот број на загинатите во овојо најнов инцидент на масовно пукање во САД. Агентите од Федералното бори за истраги (FBI) и Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) реагирале на местото на злосторството, соопштија официјалните лица.

Претходно градоначланикот на Сан Хозем, Сем Ликардо, информираше дека осомничениот напаѓач е ликвидиран од страна на полицијата. Притоа Ликардо изјави за „неколку жртви“ од пукањето.

Пукањето се случило во железнички центар за одржување и ремонт во ткн Силиконска долина кај Сан Хозе, рекле за весникот полициски извори. Според очевидци кои зборувале за The Los Angeles Times, осомничениот ја запалил својата куќа и заминал на состанок на синдикатот на железничката компанија VTA, каде отворил оган.

Портпаролот на шерифот на округот Санта Клара, Расел Дејвис, изјавил дека осомничениот бил вработен во Управата за транспорт на долината, која обезбедува автобуски, лесни железнички и други танспортни и транзинтни услуги низ Санта Клара, најголемот округ во Заливот.

Шерифот на округот Санта Клара, Лори Смит, изјавил дека засега не е „уточнето“ како загинал осомничениот напаѓач. Додал дека засега не е познато ниту какво оржје било користено во нападот кој се одиграл околу 6,30 часот по локално време, во непосредна близина до канцелариата на шерифот, ниту дали се случило во затворениот или отворениот дел од објектот.