Осумдесет отсто од Бугарите го одобруваат ветото за Македонија

Речиси 80% од бугарските граѓани го одобруваат ветото што Бугарија го стави за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.

Вакви се резултатите на онлајн анкетата на бугарскиот портал „Факти“, кој спроведе истражување на бугарското јавно мислење.

На анкетата одговориле вкупно 5.866 граѓани од кои, 4.639 (79%) одговориле дека го одобруваат ветото за Македонија.

Единаесет проценти од анкетираните (658) се против ветото.

Три проценти (153) се колебаат дали го одобруваат ветото или не, додека на 7% (416) им е сеедно.