11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Осумгодишно момче е најплатена ѕвезда на Јутјуб со 26 милиони долари

Најплатениот Јутјубер во 2019 година е осумгодишниот Рајан Каји со заработка од 26 милиони долари.

Втора година по ред, Рајан ја освојува оваа титула, заработувајќи 4 милиони долари повеќе од минатата година, пренесува „Форбс“.

22 милиони луѓе го следат Рајан на Јутјуб. Тој започнал да ги снима видеата на играчките што неговите родители ги објавија на каналот ,,Играчките на Рајан”  (денес наречен ,,Светот на Рајан).

Момчето денес има своја линија на играчки, записи и забавни научни експерименти и има свое шоу на Никелодеон. Кога новинар на АБЦ еднаш го прашал зошто на децата им се допаѓаат снимките, Рајан одговорил: „Затоа што сум забавен и смешен!“

Каналот беше промовиран во 2015 година, а сето тоа започна кога Рајан, како 4-годишен обожавател на гледање видеа со играчки на YouTube, ги прашал своите родители зошто не може и тој истото да го направи. Тој се прослави со видео во кое отвора огромно јајце Pixar полно со играчки кое беше објавено во јули 2015 година. До денес, ова видео има повеќе од милијарда прегледи.

Но, не е се забавно во работата на осумгодишно момче. Во септември годинава, семејството беше под истрага. Момчето и неговите родители се обвинети за заблуда на децата да купат играчки направени од неговите спонзори. Мегапопуларниот Јутјуб канал на Рајан во моментот го истражува Федералната комисија за трговија. Тие беа пријавени од групата „Вистина во рекламирање“ и се обвинети дека секогаш спонзорираат содржини во постовите.

Скоро 90% од видеата на Рајан содржат барем една препорака за платен производ наменет за деца кои се премногу млади за да ја видат разликата помеѓу платената реклама и реалниот преглед, се вели во жалбата. Тие го обвинија каналот на Рајан за измама со спонзорства кои што не изгледаат како такви.

Таткото на Рајан, Шион, подоцна изјави дека се придржувале кон сите правила на платформата и бизнисот. „Благосостојбата на нашите гледачи отсекогаш беше главен приоритет за нас“, изјави тој.