Oсумина починати од Ковид-19, регистирани се нови 144 заболени од 1.545 тестирања

39-годишен пациент од Струмица е меѓу осумте пациенти кои починаа како последица од компликации од ковид-19 во изминатите 24 часа во Македонија, информира Министерството за здравство.

Освен пациентот од Струмица, битката со ковид-19 ја загубиле и еден пациент од Куманово (48 г), еден од Штип (65 г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83 г), еден од Тетово (69 г), еден од Виница (63 г) и еден пациент од Кичево (56 г).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-27, Куманово-11, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-13, Тетово-13, Велес-4, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-8, Крушево-2, Кочани-13, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-3, Кичево-2, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417, бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.002. Денеска се регистрира еден контролен од вчерашните тестови, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6488, активни 567

• Куманово 1655, активни 192

• Дебар 275, активни 40

• Штип 1227, активни 74

• Прилеп 594, активни 123

• Тетово 1348, активни 144

• Струга 639, активни 64

• Велес 300, активни 27

• Битола 264, активни 58

• Охрид 401, активни 48

• Кавадарци 212, активни 36

• Гостивар 890, активни 101

• Гевгелија 99, активни 57 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 157, активни 90

• Крива Паланка 91, активни 37

• Радовиш 64, активни 18

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 233, активни 85

• Пробиштип 99, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 88, активни 9

• Пехчево 42, активни 21

• Берово 76, активни 20

• Валандово 14, активни 5

• Виница 97, активни 27

• Делчево 141, активни 73 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 312, активни 17

• Кичево 299, активни 28

• Ресен 158, активни 11

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1545 теста се преку: ИЈЗ-460, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-286, Биотек-136, МАНУ -106, Жан Митрев (Филип Втори)-230, Систина со PCR метода -142, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-13, ЦЈЗ Битола-49, Инфективна клиника-2, ГАК-10, Синлаб-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 152, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 57

• Гази Баба – 73

• Аеродром – 84

• Карпош – 73

• Центар – 76

• Кисела Вода – 55

• Ѓорче Петров – 28

• Бутел – 32

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 9

• Сарај – 18

• Арачиново – 9

• Илинден – 14

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 7

• Зелениково – 2

• Странец – 6

• Нераспределен-2