„Осумка“ на Барселона, Бетис подобар во градското дерби на Севилја

324

Во последниот дуел од третото коло на шпанското фудбалско првенство, Бетис во градското дерби ја совлада Севилја со 1:0, а победничкиот гол го постигна 37-годишниот поранешен шпански репрезентативец Жоакин во 80 минута.

Претходно во неделата вечерта Барселона ја совлада Хуеска со убедливи 8:2 (3:2), во меч во кој се разигра Лионел Меси кој погоди двапати и запиша уште две асистенции.

Хуеска поведе уште во 3 минута преку Чучо, но тоа како само да го забрза вклучувањето на моторите на Барса, па веќе во 16 минута Меси израмни нанижувајќи ја противничката одбраnа. Вториот гол Меси го постигна во 61 минута, а му асистираше на Иван Ракитиќ во 52 минута за полуволејот на Жорди Алба во 81 минута.

Одличен натпревар одигра и Луис Суарез кој во 39 минута го постигна својот прв гол, а потоа му асистираше на Дембеле за погодок во 48 минута. Во третата минута од судиското продолжение Уругваецот избори пенал кој самиот го реализираше. Еден од головите за Барселона го постигна гостинскиот играч Пулидо во 24 минута, кога ја скршна топката во сопствената мрежа. Хуеска со голот на Галар во 42 минута на полувремето замина со пристојниот заостаток против шампионот од 2:3.

Леванте и Валенсија ремизираа 2:2. Двоен стрелец за домашните беше Рожер во 13 и 33 минута, а за гостите прво намали Черишев во 16 минута, а потоа во 52 минута од пенал израмни Парехо.

Алавес со пресврт за само две минути во второто полувреме на домашен терен го совлада Еспањол кој поведе со голот на Баптистао во 42 минута од пенал. Потоа стрелци за домаќинот беа Басто во 57 и Собрино во 59 минута.

Во саботата Реал Мадрид со 4:1 го совлада Леганес, а во Виго Селта го приреди изненадувањето на колото победувајќи го со 2:0 фаворитот Атлетико Мадрид. Во петокот беа одиграни мечевите Хетафе – Вајадолид 0:0, Еибар – Реал С. 2:1, Вилјареал – Гирона 0:1, а мечот меѓу Рајо Ваљекано и Атлетик Билбао беше одложен поради безбедносни мерки при реновирање на стадионот.

Барселона благодарејќи на уверливата победа го презема водечкото место на табелата со девет бодови и подобра гол-разлика од вториот Реал Мадрид. Трета е Селта Виго со седум бодови. Последните три места ги заземаат Бетис и Леганес со по еден бод, односно Рајо Вањекано без бодови и натпревар помалку.
ano koji je bez bodova.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.