Осуммина мигранти пронајдени во камион-ладилник кој превезувал месо во Франција

Осум Авганистанци , од кои четворица малолетни , биле најдени во камион – ладилник во француското пристанште Кале , на северот на земајата.

Авганистанците биле премрзнати , но здрави , а полицијата ги привела двајцата романски возачи , кои се обидувале преку Кале да ги превезат мигрантите во Британија.

Мигранти, четворица мажи и четири жени, биле пронајдени додека го проверувале камионот на пристаништето пред да се товари на траект кон Британија, изјави адвокатот.

Тие биле скриени под двојното дно на камионот, каде имало товарено  3,5 тони замрзнато пилешко ,со што биле покриени мигрантите, изјави истиот извор. Во тој дел од камионот температурата била минус 7 степени Ц.

Двајцата романски возачи се уапсени. Тие биле во паника и се хоспитализирани, а потоа и  приведени. Засега не е познато каде е регистриран камионот и која била неговата рута.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.