Осуммина полесно повредени во несреќа на Октоберфест

Осум лица се полесно повредени во несреќа на затворен тобоган на Октоберфест во Минхен.

Во саботата вечерта, на првиот ден од 18-дневниот фестивал, се судриле две композиции, извести полицијата во неделата наутро.

Возењето, наречено Höllenblitz (Hell’s Lightning) или Пеколна молња, останува затворено во очекување на истрага, соопшти полицијата.

Лекарите рекоа дека повеќето од повредите се модринки, а три лица се пренесени во болница за дополнително лекарски набљудување.

Една од композициите била во мирување кога композицијата којашто се приближувала полека тргнала наназад од непознати причини, изјави директорот на возењето Вили Отенс за агенцијата DPA во неделата. Во секоја од композициите имало по 30 луѓе, додаде тој.

„Имаше помал судир меѓу двете композации, сите луѓе излегоа сами“, рече Отенс.

Познатиот фестивал на пивото Октоберфест се одржува секоја година во Минхен, привлекувајќи милиони домашни и странски посетители во главниот град на Баварија во текот на неколку седмици во септември и октомври. Фестивалот вклучува бројни карневалски настани.

Според Отенс, „Höllenblitz“ е најголемиот патувачки ролекостер во затворен простор во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.