Осумнаесет години затвор за Американката која испратила писма со отров до американскиот претседател Барак Обама и поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг.
Триесет и шестгодишната Шанон Гес Ричардсон е казнета и со парична казна од 367 илјади евра.
Ричардсон призна дека испратила писма со рицин до двајцата политичари во мај 2013 година. Писмата содржеле и закани поради недостигот на контрола врз оружјето во САД.