Осумнаесет жртви во ново уривање на ѕид во Индија

Најмалку 18 луѓе загинаа во вторникот во уривање на ѕид врз колиби во индиската финансиска престолнина Мумбаи, како последица на дождот кој врне втор ден без престанок поради што се нарушени железничкиот и воздушниот сообраќај, принудувајќи ги властите да прогласат неработен ден.

Дождот урна ѕид врз колиби изградени на падината од ридот во западното предгредие Малад, соопштија од противпожарната служба на Мимбаи. Се додава дека операцијата на спасување сѐ уште трае и оти досега се спасени повеќе десетици луѓе.

Во блискиот град Пуна во случно уривање на ѕид настрадале шест лица. Претходно во саботата, исто така, како последица на силните врнежи, во уривање на ѕид врз работнички бараки во Пуне загинаа најмалку 15 лица.

Секоја година во периодот на монсуните, меѓу јуни и септември, во Индија се случуваат фатални несреќи, како што се уривање згради и ѕидови, бидејќи обилните дождови ги слабете темели на лошо градените објекти.

Повеќе од 300 милилитри дожд по квадратен метар во текот на последните 24 часа во некои области, поплавувајќи улици и железнички пруги, што доведе до привремно запирање на некои приградски железнички линии, кои милиони луѓе секојдневно ги користата за патувања до работните места.

Имајќи предвид дека се прогнозираат и натаму силно повремени врнежи и изолирани екстремно силни дождови, локалните власти соопштија дека државната влада прогласила неработен ден.

Летовите од аеродромот во Мумбаи, вториот по големина во Индија, исто така, се во прекин, откако авион на компанијата „ SpiceJet“ ја прелета пистата при атерирањето.

Мумбаи настојува да стане глобален финансиски центар, меѓутоа големи делово од мегалополисот секоја година се справуваат со монсуснките дождови, а експанзијата во градежбништвото и одводните канали и водени патишта се затнати од шут и отпад, и го прават градот сѐ почувствителен на хаос.

Секоја сезона на монсуните, којашто трае до јуни до септември, Индија се соочува со фатални несреќи во кои се уриваат згради и ѕидови, имајжќи предвид дека силните дождови ги ослабуваат темелите на лошо изградените објекти. Во 2005 година поплавите во Мумбаи убиле повеќе од 500 луѓе, повеќе во сиромашните неселбата во кои живеат повеќе од половината од градското население.