Освен од Дрисла, надлежните не знаат од каде и од кого се загадува Скопје

Петнаесет вонредни надзори биле извршиени од страна на државните инспектори за животна средина во Скопје и Тетово, откако беше надминат прагот на алармирање, согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух, според законот за квалитет на амбиенталниот воздух.

Само за депонија „Дрисла” има прекршочна постапка, казна од 8.500 евра. Иако имало претставки за загаденост на воздухот во Општина Карпош и во доцните попладневни часови во неколку наврата инспектори искочиле на терен ги провериле сите компании и мали погони, меѓутоа како што изјавија во четвртокот од инспекторатот не е најдено ништо. Објаснија дека дивите депонии дека се под ингеренција на општините, тие треба да си го решат проблемот.

Кај депонија „Дрисла“ констатирано е пречекорување на границата за испуштање од инцелераторот, односно од печката за горење на медицинскиот отпад. На Дрисла ѝ бил даден рок од 90 дена, кој, пак, истекува во февруари да постават филтри на печката, доколку не бидат поставени од инспекторатот велат ќе следи казна. Депонијата медицински отпад сега смее да гори само осум часа во денот, кога тоа го дозволуваат временските прилики не во три смени како што било претходно.

Директорот на државниот инспекторат за животна средина потенцираше дека во последниот квартал од минатата година се вршеле зајакнати контроли. Ги повикаа граѓаните да пријавуваат загадувачи, палење на оган и опожарување на јавни површини на телефонскиот број 193. Фокусот на надзорите за 2018 година, посочи Богдановски, се однесува на индустријата што подлежи на А-интегрирани дозволи како цементарница, рафинерија, топланите и големите индустриски објекти.