Осветени водите на Охридското Езеро, во Охрид крстот го фати Мартин Гоџо

Мартин Гоџо го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на Охридското Езеро, кои утрово беа осветени со богојавленска богослуќба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски Тимотеј.