Освоил премија од 500.000 денари со лоз Детелинка на Илинден

Освоил премија од 500.000 денари со лоз Детелинка на Илинден
Премија од 500.000 денари на инстант лозот Детелинка е освоена на Илинден во продажното место Вагабонд на Широк Сокак во Битола.
Добитникот сакал да остане анонимен, меѓутоа ја споделил својата среќна приказна.

Честел лозови, па добил премија од 500.000 денари

На празникот Илинден решил да го почести друштвото и од продажното место Вагабонд, купил купче лозови од инстант лозот Детелинка. Седнале со друштвото во блиската кафетерија и сите гребеле по дел од купчето лозови. Токму еден од лозовите што самиот ги гребел, му ја донел премијата 500.000 денари.

Вагабонд најсреќно продажно место во Македонија

Со оваа празнична добивка до инстант лозот Детелинка, продажното место Вагабонд убедливо изби на првото место на најсреќни продажни места во Македонија. Токму во Вагабонд до сега се освојувани парични премии од сите видови игри на среќа и автомобили од типот Пежо, Рено Твинго и Голф 7.

Дали има нешто специфично поврзано со градот и локацијата, ве покануваме да откриете самите. Во Вагабонд на Широк Сокак во Битола ве очекува можност за  уште многу премии.

Минатиот месец доделен Голф 7

golfДневната жега пред Капитол Мол на 22. минатиот месец дополнително ја вжешти атрактивниот автомобил Голф7 кој го очекуваше својот нов сопственик.

Точно на пладне Даниел Јовчевски од Скопје, пристигна со својот колега да се уверат дека навистина, за 40 денари може да се добие автомобил. Средбата беше забавна, а Далибор и Илија ни раскажаа дека се редовни играчи на инстант лотарија. Од почетокот на пласман на инстант лозот 7ма Брзина верувале дека ќе освојат премија и не пропуштале ден, а да не купат барем по еден лоз. Минатата година упорноста им била наградена со парична добивка од 50.000 денари, а тоа ги поттикнало да продолжат во својата намера. Токму за време на летниот караван на Државна лотарија на Македонија под името Лето во 7ма брзина, желбата им се остварила, брзинометарот на лозот покажал кон премијата Голф 7.  Далибор и Илија се колеги и пријатели и веќе се договориле дека Далибор ќе го вози автомобилот.

Клучевите ги предаде убавата водителка Марјана Станојковска.