Отчет на градоначалникот на Општина Илинден за сработеното во првите 100 дена од мандатот

Изјава на градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски за сработеното во првите 100 дена од мандатот:

Како ново-избран градоначалник, се обврзав пред Вас дека општина Илинден ќе биде сервис на граѓаните и дека секогаш ќе биде во функција на континуирано креирање услови за одржлив развој на локалната заедница, како и создавање на услови за поквалитетно живеење на своите жители. За мене одговорното, транспарентно и отчетно работење е принцип на функционирање што претставува неминовен предуслов за успешно остварување на локалните политики, како и одлична можност за Ваше директно запознавање со сработеното од страна на локалната власт.

Иако наследивме исклучително тешка финансиска состојба со долг од над 4.000.000 милиони евра.

Сепак, Општина Илинден започна енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги предвид потребите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.

Силно вложуваме во подобрување на условите во образованието и училиштата, а конкретен пример за тоа е опремувањето на општинските училишта со неопходниот инвентар, како и отворањето на новото основно училиште во Илинден каде ќе се воведе целодневна настава за прво одделение од наредната учебна година, а ќе има и сензорна соба за децата со попреченост, бидејќи се грижиме за образовните услови на секое дете.

Во тек се и проекти од исклучителна важност како фекална канализација во локалитет „Јака“,Изградба на колекторски систем во н.м Миладиновци, Изградба на колекторски систем за фекална канализација за населените места Илинден и Марино, Изградба на систем за зафаќање, третман и одведување на отпадни фекални води во н.м Кадино, како и многу други проекти од кои директен бенефит ќе имаат жителите на општината

Општина Илинден и нејзините жители заслужуваат многу повеќе. Затоа, како Градоначалник ветувам  максимално вложување и ангажман со цел реализација на нашите заеднички приоритети за кои очекувам подршка од сите општествени чинители. Ова е голем предизвик, но Ве уверувам дека со голема посветеност и многу работа ќе успееме во нашата цел.