Отчет

Новоизбраните градоначалници поднесоа отчет за сработеното за последниве месеци, а се помалку и од 6… за сработеното. Досега вакво нешто не сум видел, морам да признам дека како никогаш досега, партијата им дишеше во врат на градоначалниците и тоа се исплатеше.

Пишав во една од претходните локумни, дека ако сакаат да ја освојат власта, единствениот начин да покажат и докажат е преку делата на новите градоначалници, никако поинаку. Се’ друго е реторика, па и демагогија. Како да веруваш некој кој од сегашна позиција може да направи нешто за народот? Само со фанатизам во работата и со самооткажување, на сите спрепки, инспекции и ултра-високи сметки за струја или било што, власта ќе си глуми лудило, и ќе се обидува да ги опструира. Легитимно е, не е фер, но е легитимно, нема збор.

Има голема расправа дали од материјалот за сработеното на опозицијата изнесените факти се точни и вистинити. Дечки, спрема невидливите 500 километри нови патишта, добивме датум, тунел под кале и мост без пат, да се потпишат со Барон Минхаузен и пак десеткратно помалку ќе излажат. Ма добро, ломотам, а стварно немам време бидеејќи со екипата на Дискавери сеуште го бараме влезот во тунелот под Кале, најголемата мистерија на денешницита за која Ерих Фон Даникен рече дека е дело на елиени и влез во тајна база, па затоа не можеме ни да го видиме ни најдеме. Мајтап де, ама па како поинаку?

Една дама сама го запре СДСМ, со шармантна насмевка го навлече и принуди премиер на оставка, народ да се охрабри, а со работата за пар месеци сработи повеќе одошто претходникот за цел мандат. А, јас мислев никој нема да го надмине Коце. Исчисти депонии наместо ветените – двојно, и до толку беше успешна што додека она даваше изјави за сработеното, партиски активисти во герила акции расфрлаа ѓубре на сите страни, па после како надувани кондоми даваа снимки од местата, демек ете ништо не сработила, лажела за исчистените депонии.

Ма џабе везам, покрај оваа шиљокуранска трчи-лажи борба, има пар работи на кои се заборава – првата е перцепцијата на граѓаните, жителите на местата кај градоначалниците, особено за Скопје, каде очебијни промени се случија токму на таа тема, хигиената. Второ, ако нивните тези дека Данела е неспособна, зошто мораа со лажни извештаи за депонии, кои сами ги направиле, да лажат дека не ја бива? Друже, ако не ја бива, со прст да не мрднеш народот ќе забележи, многу едноставно. Заборавивте зошто изгубивте? Заборавивте зошто го исшиканира и патос избриша вашиот арогантен толерирач на „палачи на цркви“?

Ја можам да лаам за било кого, џабе ми е, може секој да јаде бурек за било кој, но помина времето дека некој некому може да му испере мозок до толку и така, поминаа времињата на шарената кога убедија дека зло имаме и мора да се смени. Сега се возат арогантно во „мерцедесот“ за кој се води судски процес, гребен од мачки и продаден за амбулатнти возила… де-ма-го-ги-ја 9.000.

Друга свест имаа луѓето, трпат премногу, ко две години лажни мерки, но кога ќе им пукне-конвои со шлепери се дешаваат.

Има разлика, Орце градоначалникот на Кисела Вода е најпозитивниот пример и човекот е неверојатно способен и емпатичен, секоја чест, само да не клапне.

Ах, има меѓу новоизбраните кои си го стуткаа г’зето и трај-прај, избегаваат инетрвјуа не одговараат на покани, али јбг, добро е што Мицкоски го знае тоа и затоа не им дава да се опуштат, оти може да ја коштаат партијата победа на избори.

И сакав само да се осврнам на отчетот, барем за некои, не ти дава раат ситуацијава на овие како од Бени Хил клипови кои се мењаат на секои 2 минути со нова глупост смешки, кои за жал во суштина се трагедии.

Она што Николоски упорно го тврди и е рамно на афера Вотергејт во наши рамки е се’ повеќе факти и нелогичности во изјавите и постапките на Реџепи кои укажуваа дека бил киднапиран, како што цело време потпрседателот на најголемата опозициска партија го тврди. Дајте бе ало, некој нека расчепка убаво, барем приватна истрага…ц ц ц ц…

На крај оваа небулоза ќе заврши тргикомично и научно-фантастично – ќе заврнат жаби.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.