Отец Царкњас за нападот од грчките фанатици: Ја заклучив колата и тоа ме спаси! (ВИДЕО)

Архимандритот Никодим Царкњас, македонски православен свештеник активен во Грција, кој минатата недела беше нападнат од група млади екстремистички настроени Грци, во разговор со новинар и активист за човекови права, објавен на Фејсбук, раскажува како успеал да го преживее нападот.

Тој вели дека „Господ го дочувал“, затоа што насилниците имале намера физички да го нападнат, но тој бил присебен и ги заклучил вратите на своето возило, по што тие му го скршиле задното стакло. Сепак, свештеникот успеал да побегне од местото и да го пријави случајот во полиција.

Меѓународната организација Обединета македонска дијаспора (ОМД) побара грчките власти да го расчистат ова дело произлезено од етничка омраза, и повика меѓународните организации и невладини организации за човекови права, како и Европската Унија и дипломатите, да го осудат овој инцидент и да ги заштитат Македонците во Грција.

Исто така ОМД ја повика македонската влада да го осуди нападот, но засега нема реакција од македонските институции.