Отец Оливер Петровски пријатно изненаден од вклучувањето на Мицкоски во акцијата „Нахрани 10000“

Отец Оливер Петровски, кој овие месеци ја исполнуваше мисијата на Бога преку Хуманитарната организација „Свети Спас“ и помогна на многу граѓани кои се најдоа во тешка ситуација, денска имаше пријатно изненадување. Петровски со статус на Фејсбук го одбележа изненадувањето.

„Прекрасно изненадување на нашиот пункт во Драчево каде нѐ посети г-дин Христијан Мицкоски кој се вклучи во нашата акција „Нахрани 10000“ и донираше храна за социјално загрозените семејства од нашата татковина. Искрено се надевам дека и сите останати политичари ќе се вклучат во оваа акција и дека ќе собереме храна за 100.000. Брате, Бог да ве благослови“, напиша Петровски!

 

https://www.facebook.com/groups/244237102601202/permalink/994403197584585/