Отфрлена тужбата против Nirvana поради насловната на албумот „Nevermind“

Судија во сојузната држава Калифорнија ја отфрли тужбата против американскиот бенд Nirvana која ја поднесе Спенсер Елден, чијашто фотографија додека бил бебе, е отпечатена на словната страница на култниот албум „Nevermind“.

Елден минатата 2021 година поднесе тужба против групата во којашто наведе дека неговата гола фотографија претставува детска порнографгија и сексуално злоставување на дете. Денес 30-годишниот Елден тврди дека славната фотографија му предизвиката „голема и трајна емоционална и ментална болка“, како и губење приходи и „животни радости“.

Елден ја поднесе тужбата во судот на Калифорнија против низа тужени, вклучително и сѐ уште живите членови на бендот, Дејв Грол и Крис Новоселич, како и против старателот на оставнината на починатиот фронтмен на Nirvana, Курт Кобејн, неговата вдовица Кортни Лав. Од секој од наведените во тужбата се бараше надомест од по 150.000 долари.

Станува збора за една од најпрепознатливите корици на музички албуми на сите времиња. На неа е прикажано голо бебе (Спенсер Елден) под вода во базен. На фотографијата е вметната и снимка на банкнота од еден долар закачена на рибарска јадица, по која плива детето.

Оваа фотографија најчесто се перцепира како критика на капитализмот. Исто така, во САД голите несексуални слики на деца со закон не се сметаат за детска порнографија. Но адвокатот на Елден даде поинакво толкување, тврдејќи дека вметнувањето на банкнотата на фотографијата го прави детето да изгледа „како сексуален работник“.

„Тужените намерно ја продавале (сликата на Елден) во комерцијални цели и ја искористиле шокантната природа на сликата за да се промовираат себеси и својата музика на неговаа сметка“, беше наведено во тужбата.

Како што изјави Елден, нему никогаш не му платиле за фотографијат, освен оние 200 долари кои ги добиле неговите родители на денот на снимањето.

Правните застапници на Nirvana ги отрфлија обвинувањата, наведувајќи дека аргументите на тужителот се неосновани.

„Тврдењето на Елден дека фотографијата на омотот на албумот е ‘детска порнографија’ е несериозна“, истакнаа адвокатите на Nirvana и оценија дека тоа би значело дека секој кој имал примерок на албумот в раце според „теоријата на Елден бил виновен за злосторство со поседување детска порнографија“,

Додадоа дека донеодамна се чинело дека Елден ужива во популарноста што токму тој е „бебето од албумот на Nirvana“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.