Отфрлени приговорите на опозициските грчки партии во расправата за Договорот од Преспа

42
Äåýôåñç çìÝñá ôçò óõæÞôçóçò åðß ôçò ðñïôÜóåùò ôïõ Ðñùèõðïõñãïý ãéá ðáñï÷Þ øÞöïõ åìðéóôïóýíçò óôçí ÊõâÝñíçóç, óýìöùíá ìå ôá Üñèñá 84 ôïõ ÓõíôÜãìáôïò êáé 141 ôïõ Êáíïíéóìïý ôçò ÂïõëÞò, ôçí Ôñßôç 15 Éáíïõáñßïõ 2019. (EUROKINISSI/ÃÉÁÍÍÇÓ ÐÁÍÁÃÏÐÏÕËÏÓ)

По час и половина жестока дискусија околу процедурални прашања, доставени приговори од опозициските партии и отфрлени од мнозинството пратеници, со говор на пратеничката од СИРИЗА Сиа Анагностопулу почна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.

Таа, заедно, со пратеникот од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, се известувачите на нацрт законот, јави дописничката на МИА од Атина.

Приговори имаа од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци.

Од Нова демократија тврдеа дека недостигаат предуслови за почеток на расправата, а мнозинството пратеници со станување од нивните места гласаа против овој приговор.

Истото се случи и со приговорите за противустваност од Златна зора и Независни Грци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.