Откако ја искритикуваа дека не доаѓа во суд, Русковска се појави на рочиште

Откако за повеќе случаи беше критикувана дека не доаѓа на рочишта, па дури и беше побарано нејзино разрешување, oбвинителката Вилма Русковска денеска се појави на судењето за настаните од 27 април. Таа на ова судење најчесто не се појавуваше и на нејзино место ја праќаше обвинителката Ивана Трајчева.

Денеска Русковска беше присутна, но беше прилично незаинтересирана за она што го говорат сведоците.