Откако Мицкоски го разобличи блефот на Груби, Османи дека дијаспората не се попишува туку евединтера, ДУИ со оркестриран напад

Вчера, по емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 во која гостин беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ДУИ имаше оркестриран напад кон него за тезата дека дијаспората не се попишува, туку евединтера, со што им ја руши кампањата која ја тераат.

Груби, Османи, Аријанит Хоџа, Селами во паника го напаѓаат Мицкоски во обид да ги зачуваат привилегиите и луксузот. Продолжуваат да манипулираат со чувствата на Албанците преку национализам. Законот е јасен, се попишуваат тие што се со времено живеалиште, бидејќи не го одјавиле во Македонија. Тие што се одјавиле од Македонија повеќе од 12 месеци од започнувањето на пописот се евидентираат!