Компанијата „Рајанер“ откажа скоро 400 летови, откако започна најголемиот штрајк во историјата на најголемиот светски авиопревозник.
Синдикатите на работниците во Германија, Ирска, Шведска и Белгија најавија дека ќе ги приземјат авионите на 24 часа. Нивните барања се повисоки плати и подобри работни услови.
„Сакаме да покажеме дека стоиме зад нашите барања. Во следните недели и месеци предвидувам повеќе штрајкови, кои може да бидат и спонтани“, изјавил Инголф Шумахер, еден од пилотите во компанијата.
Со штрајкот во текот на летната сезона ќе бидат погодени повеќе од 55.000 патници. Најмногу од нив во Германија – 42.000.
На патниците управата на авиопревозникот им нуди бесплатна промена на терминот на летот или враќање на парите. Дополнителни обештетувања нема да има.
Пред две недели поради штрајкови во Италија, Шпанија, Португалија и Белгија, „Рајанер“ беше принуден да откаже скоро 600 летови со околу 50 илјади патници.