Откажани сите новогодишни манифестации поради смртта на градоначалникот

Локалната самоуправа на Охрид ги откажа сите празнични манифестации, вкучително и организацијата на новогодишната ноќ, поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.

Иако последнава деценија интересот за новогодишно празнување во Охрид е големи хотелските капацитети се исполнети. Хотелиерите сметаат дека на Охрид му требаат многу дополнителни содржини кои ќе го збогатат празничниот амбиент и ќе ја подигнат атмосферата во туристичкиот центар, а нивните видувања се поделени околу тоа дали годинава треба да има новогодишен дочек на гратскиот плоштад.

Од локалната самоуправа сепак, веруваат дека плоштадот нема да биде празен и без музика – очекуваат угостителите да ја превземат организацијата во свои раце и на туристите да им приредат новогодишна забава и весел амбиент, пишува Алфа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.