Откажан протестот во Амстердам против ковид-мерките по хаосот со седум настрадани во Ротердам

Протестот против воведувањето на строгите епидемиолошки мерки воведени за сузбивање на наглото ширење на коронавирусот во Холандија предвиден за саботата во Амстердам, откажан е откако избувна насилство во петокот вечерта во Ротердам, објавија организаторите.

„Вчера вечерта во Ротердам се случи пекол“, објави на социјалните мрежи организацијата против епидемиолошките мерки United We Stand Europe.

Полицијата извести дека дури околу 1,30 часот ноќта кон саботата ситуацијата била ставена конечно под контрола. Сепак, протест во саботата ќе се одржи во јужниот град Бреда, пренесуваат локалните медиуми.

Протестот против епидемиолошките мерки и делумното затвореање прерасна во петокот вечерта во центарот на Ротердам во „бунт“ во кој се повредени најмалку седум лица, меѓу кои и полицијаци, а неколку десетици лица се приведени. Имало и големи материјални штети, и органзиаторите поради тоа заклучиле дека одржувањето на протестот во Амстердам не би било соодветено.

Насилството во Ротердам го осуди министерот за безбедност и правосудството Ферд Граперхаус. Во саботата тој зборуваше за „есктремно насилство против полицијата, итните служби и пожарникарите“ и најави темелна истрага за употребата на оружје од страна на полицијата.

Најмалку седум луѓе се повредени во текот на ноќта кон саботата. Според полицискиот извештај, биле истрелани предупредувачки истрели и пукано на луѓе, откако демонстрантите со камења и пиротехника ги гаѓале полицајците кои се обидувале да изгаснат едно запалено полициско возило а уште едно било целосно демолирано. Полицијата во Холандија, инаку, многу ретко кориси огнено оружје.

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, ги опиша настаните како „оргии на насилството“. Министерот Граперхаус, пак, збодуваше за насочени напади врз полициските службеници, пожарникарите и новинарите,. Неколку стотици полицајци дошле од целата земја во овој пристанишен град за да помогнат да се воспостави редот и мирот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.