Откажана седницата за Изборниот законик, се чека превод на поднесените 5.899 амандмани

Александар Кирацовски, претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, информира дека досега се преведени и ставени во електронскиот систем 3.734 амандмани од вкупно поднесените 5.899. Нагласи дека ќе ги чека службите до крајот на следната недела, па ќе закаже седница за да може да почне амандманската расправа во Комисијата за политички систем.

На денешната седница на Комисијата требаше да почне амандманската расправа за Предлог-измените на Изборниот законик кои предвидуваат една изборна единица и отворени листи.
Кирацовски информира дека на 25 декември ќе закаже јавна расправа за менување на Изборниот законик со цел да се презентираат аргументите и да се разубедат они што се против. Тој оцени дека целта на подносителите на илјадниците амандмани е да го блокираат целиот процес и ги повика да се премислат и да ги повлечат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.