Откажана средбата на секретарите Албанци, Груби жали, за Зејди средбата е непотребна

Пропадна средбата меѓу секретарите на албанските политички партии свикана од генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби. Груби им упати апел да седнат и да разговараат за темата за пописот, но Скендер Реџепи и Арбен Таравари не одговорија на поканата. Коалицијата Алијанса/Алтернатива смета дека таква средба е непотребна. Реџепи од оваа коалиција вели дека за ова прашање требало да се дискутира пред усвојување на законот а не сега.

„По сето ова време ние како коалиција веќе создадовме локални штабови за сензибилизација на граѓаните за пописот. Сметаме дека средба од таков формат е непотребна. За други форми за соработка ќе разговараме следните денови“, истакна Скендер Реџепи.

Средбата беше во рамки на средбите со сите оние кои можат да влијаат за масовен попис на граѓаните, рече генералниот секретар на ДУИ, Артан Груби. Тој додаде дека целта била да се формира тело кое ќе се занимава со предизвиците на терен во врска со пописот.

„Жал ми е, навистина изразувам длабоко жалење за тоа што тие одбија да учествуваат на овој состанок. Нашата цел е многу искрена, сите да се вклучиме во кампањата за попис на нашите граѓани. Немаше никаква позадина освен заедничка работа во функција на пописот“, посочи Артан Груби.

Реџепи рече дека со ДУИ за сензибилизирање на граѓаните за пописот би се потрудиле и би требало да соработуваат на ниво на координатори или друго ниво а не и на ниво на секретари.

„Ние сме политички опоненти и сметаме дека пописот е национално прашање и на тој начин треба да се најдат форми за соработка без да покажете супериорност кон другите, туку еднакво да делуваме на терен согласно нашите национални интереси“, посочи СКендер Реџепи.

Ова не е прв пат албанската опозиција да не седне на маса со ДУИ. Истото се случи и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ги покани лидерите на политичките партии за да им се заблагодари за унапредувањето на статусот на Албанците, но никој не отиде.