Откажана третата тв-дебата на кандидатите за британски премиер, во втората за гледачите победил Сунак

Третото телевизиско соочување на кандидатите за нов челник на владејачката Конзервативна партија, следствено и нов британски премиер на местото од Борис Џонсон, е откажана поради одбивањето на двајца кандидата да учествуваат, пренесува во понеделникот телевизијата Sky News.

Следната телевизиска дебата требаше да се одржи во вторникот вечерта. Меѓутоа, конзервативните парламентарците се загрижени за штетата којашто оваа јавна дебата ја нанесува на имиџот на партијата, истакнувајќи ги разликите меѓу нејзините челновите, пренесува Sky News.

Малку претходно беше објавено дека актуелната британска министерка за надворешни работи Лиз Трас нема да учествува во следната телевизиска дебатата. Речиси истовремено во медиумите се појави и информацијата дека и поранешниот министер за финансии Риши Сунак, исто така, може да го пропушти третото телевизиско соочување.

Првата дебата меѓу претендентите на лидерската позиција кај ториевците се одржа во петокот на 15-ти јули, а втората се одржа во неделата вечерта, 17-ти јули. Според истражувањето на агенцијата за истражување и анализа на пазарот Opinium, најдобар впечаток кај гледачите оставил токму Риши Сунак.

Според анкетата, 24 отсто од гледачите сметаат дека Сунак се претставил подобро од другите кандидати во дебатата. На второто и третото место се пласирале претседателот на комисија на Долниот дом на британскиот парламент, Тон Тугендхат и заменикот министер за меѓународна трговија Пени Мордонт, добивајќи 19 односно 17 отсто од гласовите на гледачите. За победник во втората дебата шефицата на дипломатијата Лиз Трас и министерката за прашања на жените и еднаквост Кеми Баденок, пак, ги сметаат 15 односно 12 отсто од гледачите.

Со истражувањето биле опфатени 1.010 лица коишто ја следеле дебатата на телевизискиот канал iTV во неделата вечерта.

Борис Џонсон, која ја замени Тереза Меј на кормилото на конзервативците и на премиерската должност во 2019 година по што ја оствари една од најуверливите победи на неговата партија последните децении. Неговото владеење беше одбележан со скандали, излегувањето на земјата од Европската унија, пандемијата на коронавирусот и војната во Украина, но по низата афери и скандали, и откако од неговата влада се повлекоа повеќе од 50 министри и високи функционери, Џонсон на 7-ми објави дека се повлекува од функциите. Ќе ја извршува премиерската должност до изборот на неговиот наследник.

Членовите и делегатите на Конзервативната партија би требало да го изберат својот нов лидер пред годишната партиска конвенција на почетокот од октомври. Вкупно 358 пратеници на ториевците ќе гласаат во повеќе кругови сѐ додека не бидат избрани два кандидата за завршниот круг од гласањето. Името на победникот на изборите на конзервативците и следствено нов британски премиер ќе биде познато на 5-ти септември.